Во Јапонија, Харуки Мураками нема објавено само книги, туку и разни есеи на различни теми: од патување, до музика и пишување. Една збирка од овие есеи неодамна излезе под името „Радио Мураками“, а инспирацијата за името најверојатно доаѓа од името на една специјална радио-емисија на радиото „Токио ФМ“ на која тој гостувал минатото лето.
Во текот на 55 минути, Мураками го заземал столчето на Диџејот и пуштал музика од неговата лична музичка листа, која вклучува хитови како „Surfin’ USA“, „What A Wonderful World“, „Love Train“, итн.

Тогаш Мураками напишал: „Собирањето на плочи и цедиња ми беше хоби уште од детство и благодарение на тоа, мојата куќа е преполна со такви работи. Како и да е, секогаш сум чувствувал вина поради тоа што сам слушав таква прекрасна музика и не ја споделував со светот. Мислев дека можеби би можел да ги споделувам тие прекрасни моменти со други луѓе додека разговараме и пиеме кафе или по некоја чаша вино.“
Тој исто така и самиот зборувал помеѓу песни, одговарајќи прашања на слушателите и објаснувајќи го односот помеѓу музиката која ја слуша и книгите кои ги пишува. „Наместо да научам како раскажувам приказни од некој друг, јас имам прифатено музички пристап и сум многу свесен за ритам, хармонија и импровизација. Тоа е како да танцувам додека пишувам, иако не го правам тоа додека пишувам.“
За голем дел од обожавателите на Мураками, „Мураками Радио“ беше првата шанса да го слушнат неговиот глас, а сѐ уште постојат целосни снимки од таа емисија. Иако оваа емисија била наменета да биде едновечерен настан, сепак потоа се организирала уште една емисија на 19 октомври, а на оваа емисија, освен за музика, Мураками зборувал и за уште една од неговите страсти – трчањето. Во иднина се очекува да има уште една ваква емисија.
Во продолжение слушнете ја целосната плејлиста која Мураками ја пуштал за време на емисијата:
