Љубителите на книги знаат дека зимскиот период е идеален за обновување на домашната библиотека и освежување на насловите, а една од причините за тоа е што во овој период речиси сите наши книжарници и издавачки куќи имаат интересни акции и попусти.

Последната таква акција е на „Полица“, која од денес, сѐ до 15 февруари, им нуди на своите читатели можност да ја освежат својата домашна колекција со класици и ѕвезди на светската книжевност и тоа за само 100 денари!
Подолу следува листата на книги кои можете да ги набавите за 100 денари во книжарницата на „Полица“:
Албер Ками – „Странецот * Митот за Сизиф“;
Алфонс Доде – „Писма од мојата воденица“;
Алфред Жари – „Кралот Иби“;
Артур Милер – „Драми“;
Аугусто Роа Бастос – „Јас, Врховниот“;
Вилијам Батлер Јејтс – „Автобиографии“;
Вилијам Фокнер – „Светлина во август“;
Винсент Ван Гог – „Писма до Тео“;
Вирџинија Вулф – „Сопствена соба * Три гвинеи“;
Владимир Набоков – „Есеи“;
Георг Бихнер – „Смртта на Дантон * Леонс и Лена * Војцек“;
Гистав Флобер – „Госпоѓа Бовари“;
Дени Дидро – „Фаталистот Жак“;
Дорис Лесинг – „Добриот терорист“;
Едвард Олби – „Драми“;
Ежен Јонеско – „Испрекината потрага * Противотрови“;
Емил Зола – „Жерминал“;
Едгар Алан По – „Авантурите на Гордон Пим“;
Карл Густав Јунг – „Сеќавања, соништа, размисли“;
Катул – „Римска лирика“;
Конрад Аденауер – „Сеќавања“;
Кормак Макарти – „Патот“;
Лоренс Стерн – „Тристрам Шенди, том 1“;
Лоренс Стерн – „Тристрам Шенди, том 2“;
М. Бојардо – „Вљубениот Орландо“;
Мадам Севиње – „Писма до ќерка ми“;
Марк Шагал – „Мојот живот“;
Михаил Шолохов – „Човековата судбина и други раскази“ ;
Мишел Турние – „Горски цар“;
„Беовулф“;
Оноре де Балзак – „Чичко Горио“;
Патрик Вајт – „Вос“;
Перси Б. Шели – „Ослободениот Прометеј“;
Пјер Бомарше – „Свадбата на Фигаро“;
Плаут – „Комедии“;
Рајнер Марија Рилке – „Записите на Малте Лауридс Бриге“;
Рабиндранат Тагоре – „Поезија“;
Ралф Елисон – „Невидливиот човек“;
Сер Томас Малори – „Смртта на Артур“;
Стендал – „Пармскиот картузијански манастир“;
Томас Волф – „Огномет од суети“;
Томас Ман – „Тристан * Тонио Крегер * Смрт во Венеција“;
Филип Рот – „Американска пасторала“;
Франсоа Вејерганс – „Три дена кај мајка ми“;
Хорхе Луис Борхес – „Есеи“;
Хенри Џејмс – „Европејци“;
Херман Брох – „Месечари, том 1“;
Херман Брох – „Месечари, том 2“;
Џејмс Џојс – „Портрет на уметникот во младоста“;
Џефри Еугенидес – „Среден пол“;
Џон Дон – „Избрани дела“;
Џон Милтон – „Загубениот рај“;
Џон Штајнбек – „Патувањата со Чарли“;
Шекспир – „Сонети“;
Штефан Цвајг – „Вчерашниот свет“
Извор.
*сликата е преземена од официјалниот настан на Фејсбук
