Македонска поезија: „Прашања“ од Гане Тодоровски!

Денес на блогот читаме македонска поезија. Денес на ред е „Прашања“ од Гане Тодоровски!

Прашања – Гане Тодоровски

1.
Ќе нѐ има ли
да речеме тогаш
кога ќе нѐ нема –
ако нѐ немаше токму тогаш
кога требаше да нѐ има?

2.
Ќе бидеме ли
затоа што бевме
или пак сме
за да продолжиме
во бидувањето?

hipwee-inti-640x381

Leave a comment