Ако Холден Колфилд по некоја случајност беше реален лик и живееше во ова наше време, би имал многу причини да не сака да биде ништо друго освен ловец во житото и повторно, Селинџер би го ставил својот јунак на работ на провалијата да лови, уште еднаш, деца кои трчаат низ неа. И ништо повеќе.
Холден Колфилд е јунак и на нашето време, не само во романот „Игра во ‘ржта“. Не само затоа што ова време не е многу поинакво од неговото (младите луѓе секогаш ги мачат проблеми на младите луѓе), туку и затоа што на сите треба да им се повторат неколку здраворазумски мисли од тој шеснаесетгодишник кому не му беше најудобно во светот кој го опкружуваше.

А највеќе го презираше токму тоа наше „фолирање“ без изразување.
Денес се прашуваме дали тоа „фолирање“ едноставно се зголеми со социјалните мрежи или тие само ја открија нашата вистинска природа? Ја користиме секоја прилика да бидеме нешто повеќе од тоа што навистина сме. Колку сме само паметни на Твитер, како само ја филтрираме убавината на Инстаграм, како само лудо се забавуваме додека го објавуваме нашето секојдневие на Снепчет.
На крајот на краиштата, Колфилд им претходеше на сите бунтовници од големото платно кои беа овековечени од страна на Марлон Брандо и Џејмс Дин, тој беше „кул“ пред воопшто да постои тој термин, а Селинџеровиот роман „Игра во ‘ржта“ влијаеше повеќе од сите други дела врз создавањето на контракултурата која ги создаде хипиците, ја започна рокенкрол револуцијата и сите субкултури кои постојат и денес.
Сепак, Холден Колфилд не припаѓаше никому и тешко е човек да го замисли во која било група на истомисленици.
„Доста ми е од его, его и его. Своето и сечие друго. Доста ми е од тоа што сите сакаат некаде да стигнат, да направат нешто поинакво или да бидат интересни. Тоа е одвратно.“
Има ли друга реченица со која подобро би го опишале она што го чувствуваме додека го набљудуваме сето она што сите околу нас го прават, па и она што самите го правиме? Делува како Селинџер одлично да нѐ познавал сите и напишал роман кој треба да биде задолжително четиво и за нашето време.

Уште неколку цитати од „Игра во ‘ржта“:
„Мака ми е од тоа што немам храброст да бидам апсолутно никој.“
„Животот е игра. Животот е игра која се игра според правилата.“
„Преку глава ми е од тоа само да ми се допаѓа некој. Се молам на Бога да запознаам некој кого ќе го почитувам.“
„Ако постои збор кој не можам да го поднесам, тогаш тоа е „моќно“! Колку лажно звучи!“
„Она што навистина може да ме нокаутира е книга која, откако ќе ја прочитате, ќе посакате авторот на книгата да е ваш близок пријател и да можете да му се јавите на телефон секогаш кога ќе ви падне на ум. Но, тоа не се случува особено често.“
„Луѓето секогаш мислат дека ја кажуваат апсолутната вистина.“
„Тој не поднесуваше некој да го нарекува идиот. Ниту еден идиот не поднесува некој така и да го нарекува.“
„Постојано кажувам дека ми е драго што сме се запознале на луѓе кои воопшто не ми е драго што сум ги запознал. Ако сакаш да останеш жив, мораш да кажуваш такви работи.“
„Тоа е интересно. Доволно е да кажеш нешто што никој не го разбира и сите ќе бидат подготвени да направат сѐ што ќе посакаш.“
„Луѓето секогаш аплаудираат од погрешни причини.“
„Ако направиш нешто навистина добро, тогаш, по некое време, ако не внимаваш, ќе почнеш дa се фалиш и да се покажуваш. И повеќе нема да бидеш толку добар.“
„Обиди се да се венчаш со некој кој ќе се смее на истите работи.“
