Размена на книги и книжевни муабети во Скопје!

Драги љубители на книги, доколку сте расположени за дружба со други љубители на книги, како и за можноста да размените книги и да си ја пронајдете следната книга за читање, тогаш утре (19 јануари, сабота) упатете се кон литературното кафе „Метаноја“ (кое се наоѓа на ул. „Максим Горки“) каде ќе се одржи размена на книги и дружба на љубителите на книги.

39956

Настанот ќе започне во 19 часот, а ваше е само да донесете книги кои би сакале да ги размените со другите, книга за книга.

Настанот е организиран од страна на ентузијастите за книги од популарната група на Фејсбук “Размена на книги и книжевни муабети“.

Се гледаме таму!

Извор.

Leave a comment