Првото издание на „Во крајот на Сван“ на Марсел Пруст продадено за рекордни 1.7 милион долари!

Примерок од првото издание на „Во крајот на Сван“  која е посветена на неговото „малечко драго“ неодамна се продаде за 1,51 милион евра во Париз и ова претставува светски рекорд за француски роман.

Кога реткиот примерок од првиот том од ремек-делото „Во потрага по изгубеното време“ бил ставен на аукција, се очекувало цената да оди од 600,000 до максимум 800,000 евра.

proust_marcel

Со тоа, во поглед на француската книжевност, оваа книга го сруши претходниот рекорд на Шарл Бодлер и неговата поетска збирка „Цвеќиња на злото“ која пред 9 години била продадена за 775,000 евра.

Овој примерок е првиот од луксузното издание за кое Пруст самиот платил и му го дал на неговиот сакан Лусиен Доде. Во книгата може да се прочита и посветата:

„Ти не си во оваа книга. Ти си премногу навлезен во моето срце и никогаш не би можел објективно да те опишам. Ти никогаш нема да бидеш „само“ лик, затоа што ти си подобрата половина на авторот.“

Инаку ова е четврт дел од продажбата на приватната библиотека на починатиот Пјер Берж, француски моден могул. Еден од основачите на „Ив Сент Лорен“ имал една од најголемите приватни библиотеки во кои имало ретки и скапоцени кнги. Тие се продаваат на ексклузивни аукции кои започнале во 2017 година и ќе продолжат и во 2019 година.

Leave a comment