Голема радост за сите обожаватели и почитувачи на ликот и делото на еден од нашите најдобри писатели, Венко Андоновски!

Денес, 23.01, со почеток од 18 часот, ќе имате можност лично да се запознаете со Венко Андоновски и да поразговарате со него за неговата нова книга „Припитомување на кучката“ која во декември ја имаше својата промоција, а воедно и да добиете посвета на вашите примероци на некои од неговите романи.
Средбата ќе се одржи во книжарницата „ТРИ“ во ГТЦ!
