Денес е (како и секој ден впрочем) прекрасен ден за споделување македонска поезија. Изборот падна на „Лажни пророци“ од Блаже Конески.
Лажни пророци – Блаже Конески
Ќе дојде време на лажни пророци
што божем во мое име
ќе ве збираат по плоштадите,
ќе креваат врева до небеси,
ќе се бувтаат во градите.
Немојте да им верувате!
Тие мислат само на себеси.
Бес ги распина внатре
душите да ви ги затре.
Тие варосани гробови!
Не да им станете робови!

