Денес е петок, прекрасен ден за споделување македонска поезија. Имаме навистина раскошна и прекрасна македонска поезија која треба повеќе да се чита и да се споделува. Денес на блогот можете да ја прочитате песната „Причинуење“ од Коле Неделковски.
Причинуење – Коле Неделковски
Кој ли повте да ми дојде,
кој ми зеде сладок сон,
кој ми таму очи лаже,
кој се метка по тој мрак?
Па и кој ли ветар вее
и ме фрла в силен студ:
дали сенка на див силен
ели страден мајкин лик?
В темен мрак ми умот штука,
чело рони студен пот.
Немам сила… Срце пука…
Еј, ми тежи тешка ноќ.
О ти, моја душо страдна,
О ти, ум мој – пламнат жар,
не се нити сенки вијат,
нити мајкин страден лик,
туку, ах, е прво либе,
сон не знае, гори в жал
гради кине век да скрие –
чека в младост ноќ и ден.

