Како што веќе сигурно знаете, „Матица“ секоја година го одржува својот традиционален Зимски саем на книгата под мотото „Книга во секој дом“. Освен што љубителите на книги имаа можност да си одберат голем број наслови по намалени цени, „Матица“ подготви уште едно изненадување.

Имено, во следниот период ќе имате можност да купите 5 книги за само 299 денари! Изберете 5 книги од понудените наслови (условот е дека сите 5 книги мора да бидат различни наслови) и уживајте во читањето!
Тука можете да го погледнете и каталогот со наслови кои можете да си ги изберете. Изберете си 5 книги и за навистина поволна цена освежете ја вашата домашна библиотека и фрлете се на читање!
