И покрај сите можности во денешно време, сепак некои деца немаат толку лесен пристап кон книги и читање. Но, еден човек во Италија можеби најде решение за овој проблем.
Според една репортажа на Би-Би-Си, пензионираниот учител Антонио Ла Кава го создал таканареченото „Библиомотокаро“, комбе на три тркала кое истовремено е и подвижна библиотека. Тој го користи комбето за да патува до отсечени и изолирани села во Италија, со цел да им помогне на децата да ги пронајдат задоволствата од читањето.

Тој вели дека верува во поттикнувањето на интересот за читањето е многу важен за развојот на децата. „Ваквото дејство има вредност, не само општествена и кулутрна, туку има и етичко и морално значење.“
Ла Кава се надева дека „Библиомотокаро“ ќе добие поголемо внимание од медиумите и дека сѐ поголем број млади луѓе ќе бидат мотивирани и инспирирани да почнат да читаат повеќе книги.
Тука можете да дознаете повеќе за библиотеката и целокупната програма. Во продолжение погледнете го и прилогот кој „Би-Би-Си“ го направи за оваа необична библиотека!
