Македонска поезија: „Седма молитва на моето тело“ од Ацо Шопов!

Денес е петок, а петок секогаш е прекрасен ден за читање поезија! Денес на блогот читаме македонска поезија и „Седма молитва на моето тело“ од Ацо Шопов!

Седма молитва на моето тело – Ацо Шопов

Твојата молбена закана, твојата лукавост нежна
и сите твои слатки измами ги знам.
Дали оваа игра денеска толку ми стежна
па пред тебе до болка и јас се разголувам.

Ти знаеш – на ова место нема никаква трага,
ни хисник овде ни ѕвер некаков мине.
Биди милозлива, биди дарежлива и блага
со ова тело од чекање што гине.

Ова тело личи на жедна суводолица
поцрнета од сонце, испукана од жега.
Ова тело е истрајно и гладно како јаловица.
Биди му родилка, зачни го повторно сега.

Mi se cini deka morav da te ljubam na bezbroj nacini

 

Leave a comment