Семејството на Џ.Д.Селинџер прозборе за неговите необјавени дела!

Семејството на Џ.Д.Селинџер откри дека во „одреден временски период“, сите необјавени дела од мистериозниот писател на „Игра во ‘ржта“, ќе бидат објавени.  Мет Селинџер, синот на Селнџер, во неодамнешно интервју со „Гардијан“ зборувал за продуктивноста на татко му и за неговите необјавени дела. Иако Селинџер не објавил нов роман од неговото последно дело „Френи и Зуи“ во 1961 година, па сѐ до неговата смрт во 2010 година, тој сепак продолжил да пишува и твори и Мет вели дека семејството прави сѐ што е човечки возможно за што побрзо да ги објави делата.

j-d-salinger-2

Тој изјавил: „Селинџер беше преполн со идеи и мисли… додека се возеше во автомобилот, се случуваше да запре и да запишува работи, а потоа сам ќе си се насмееше, понекогаш ќе ми ги читаше на глас работите што ќе ги напишеш, понекогаш не – и секогаш, до секоја столица имаше тетратка.“ Потоа додал: „Тој едноставно одлучи дека најдобрата работа за неговото пишување е да нема многу интеракција со луѓе, особено книжевници. Не сакаше да оди и да игра покер, тој сакаше, како што им велеше на сите новопечени писатели, самиот да си ги меша своите сокови.“

Мет Селинџер и Колин О’Нил, вдовицата на Џ.Д. Селинџер, кои управуваат со имотот на писателот, почнале да ги прегледуваат неговите необјавени ракописи уште во 2011 година. Тој рекол: „Тој сакаше да ги соберам сите работи, но со оглед на должината, знаеше дека ќе ми треба време. Сепак се работи за човек кој 50 години пишувал без да објави ништо, што значи дека има многу материјал. Не е дека не сакаме или ги чуваме делата, туку сосема е едноставна работата: Кога ќе бидеме готови, ќе ги споделиме со сите.“

Тој ги демантираше озборувањата дека едно од необјавените дела е кратка приказна поврзана со Холден Колфилд, главниот лик од „Игра на ‘ржта“, но кажа дека конечната објава „дефинитивно ќе ги разочара луѓето за кои тој секако не би се грижел што мислат, но за вистинските читатели… мислам дека прекрасно ќе биде примена објавата и тие ќе бидат допрени на начинот на кој секој читател се надева дека ќе биде допрен кога ќе отвори книга.“

Иако немаше објавено ништо речиси цели 50 години, Селинџер сепак пишувал сѐ до својата смрт во 2010 година, а неговиот син Мет вели дека „сѐ што некогаш напишал ќе биде објавено.“

Извор.

 

 

Leave a comment