„Сакам книги“ утре ќе ја отвори својата прва книжарница!

Нема ништо поубаво за љубителите на книги од новоста дека ќе се отвора нова книжарница. Тоа значи поголем избор за купување, ново место за уживање во книгите и едноставно секоја нова книжарница е украс за градот!

Сите љубители на книгите сигурно ќе се израдуваат на веста дека „Сакам книги“ ќе ја отвори својата прва книжарница! Официјалното отворање ќе се случи утре, во 19:00 часот, а локацијата на новата книжарница се наоѓа на ул. „Васил Главинов“ (зграда Тифани) или доколку ви е потребна визуелна ориентација, книжарницата се наоѓа веднаш до кафулето „Сквиз ми“ и „Манда“, спроти „Кастом паб“.

51596275_10156891690583548_7581468106166370304_o

Според официјалниот настан на Фејсбук, од „Сакам книги“ најавуваат многу интересни можности за љубителите на книги и нивните поддржувачи, а и секако дружење!

Еве што може да очекувате на отворањето:

1. Бесплатни картички за лојалност, Reader’s Cards, кои ќе може да ги подигнете на отворањето за официјално да станете член на екипата на лојални читатели. Вашата нова Reader’s Card ќе ви овозможи собирање поени со секое купување во книжарницата на „Сакам книги“, а собраните поени потоа можете да ги користите за нови бесплатни книги!

2. Нова книга од Пам Џеноф, „Вагонот со сираци“, од печатница директно во книжарница – и тоа по промотивна цена.

3. Над 3.000 книги од голем број македонски, српски, хрватски, англиски и американски издавачи.

4. Голем број аксесоари како: букмаркери, чаши, маици со натписи, капчиња, постери и друго.

Честитки за „Сакам книги“, Кафе и книги ви посакува уште многу издадени книги и уште барем 2-3 нови книжарници во иднина и да продолжувате да нѐ радувате нас, љубителите на книги!

 

 

*сликата е преземена од официјалниот настан на Фејсбук на „Сакам книги“

Leave a comment