Да ги сакаш луѓето такви какви што се, тоа е невозможно.
Но, сепак мораш.
И затоа, кога им правиш добро, стегни го срцето, затни го носот и затвори ги очите (ова последното е неопходно).
Поднеси го злото коешто доаѓа од нив, не им се лути ако можеш, „сети се дека и ти си човек“.
Секако, ако ти е дадено да бидеш малку попаметен од просекот, мораш да бидеш строг со нив.
Луѓето по природа се ниски и подготвени се сакаат од страв: не ѝ се предавај на таквата љубов и не престанувај да презираш.
Научи да ги презираш луѓето, дури и кога се добри, затоа што баш тогаш најчесто се за’рѓани.
Кој не е глупав, тој не може да живее, а да не се презира себеси, без оглед на тоа дали бил честит или не, сеедно.
Да го љубиш својот ближен, а да не го презираш – тоа не е возможно.
И „љубовта кон човештвото“, треба да се сфати единствено како љубов кон она човештво кое самиот си го создал во својата душа; со други зборови, сам себе си се создал, па така и љубовта кон самиот себе – и кој, според ова, никогаш нема ни да биде.
~ Фјодор Достоевски

