Денес е 21 февруари, Меѓународниот ден на мајчиниот јазик! Во таа чест, денес на блогот можете да прочитете една извонредна песна од Анте Поповски. Најдобар начин за негување на мајчиниот јазик е преку негување на уметничкото творештво!
TOHU VA BOHU 2 – Анте Поповски
Книгите недочитани,
соништата недосонувани –
тоа ли беше животот?
Секој со своето врзопче време
нагоре-надолу, натаму-наваму,
сè дури не се пресоздадовме себеси
во саркофаг зборови,
во една бела тишина…
Книгите недочитани,
соништата недосонувани,
тоа ли беше животот?

