Денес ќе се одржи Поетско читање во „Метаноја кафе“!

Петок е одличен ден за сите љубители на поезијата, а денес е посебно интересен ден за оние кои сакаат да присуствуваат на поетски читања. Денес, на 22 февруари, со почеток од 19:00 часот, ќе се одржи поетско читање во книжевното кафуле „Метаноја“.

51440679_2240603705961221_8480412419145859072_n

Според настанот на Фејсбук:

„Песните што ќе ги читаме може да бидат напишани и од нас, но може да читаме песни и од други поети, а се поканети и оние што, едноставно, сакаат само да слушаат поезија. Перото во рака, мислите во ум, стиховите од срце – тоа е сè што ни треба за овој настан, кој е од отворен карактер и на кој може да учествува секој што има желба. Поканете ги вашите пријатели за да можеме сите заедно да плакнеме уши. Ве очекуваме…“

Настанот е организиран од книжевни ентузијасти од популарната група на Фејсбук – „Размена на книги и книжевни муабети“.

Извор.

Leave a comment