34 работи кои не смеете да ги правите во книжарница!

Книжарниците не се само продавници. Не се ни храмови на зборовите како библиотеките. Тоа се специфични места каде се развива зависност од мирисот на мастилото од печатницата. Тоа се засолништа на луѓето со гладен дух и во некои случаеви, тие се мирни лулки надвор од времето. Во нив може да си го разубавите денот, квалитетно да го скратите чекањето, да налетате на некакво сеќавање. Така и треба да биде.

last-bookstore-book-display

Но, никако не треба… т.е да кажеме дека не е во ред, ако:

  1. Читате, читате и читате најмалку по 20 страници од секоја книга која ќе ја допрете.
  2. Допирате сѐ – од сликовници до енциклопедии.
  3. Викате, се дерете и довикувате.
  4. Само ја отворите врата и прашувате каде има најдобри чорби, каде се наоѓа водоинсталатерот во близина, до кога работи музичкото училиште, затоа што луѓето што работат во книжарница мора да знаат сѐ, нели?
  5. Прашувате колку чини некоја книга и дали истата книга ја има во некоја соперничка книжарница.
  6. Насекаде ги оставате книгите, ги виткате, листате и наопаку ги оставате на полиците.
  7. Доаѓате поради некоја препорака од телевизија и барате наслов кој не го знаете и автор за кој никогаш не сте ни чуле.
  8. Им раскажувате на вработените за секоја можна лектира која сте ја прочитале пред 25 години, чисто за да видат дека сте начитани.
  9. Прашувате за препорака, а потоа превртувате со очите на секој понуден наслов.
  10. Доколку се работи за распродадена книга, прашувате во која друга книжарница можете да ја најдете и прашувате зошто е распродадена.
  11. Прашувате кога Хосеини ќе ја објави новата книга?
  12. Прашувате што има ново од Момо Капор?
  13. До дeтал ги раскажувате новите епизоди на „Игра на тронови“.
  14. Ги грешите имињата на авторот, насловите и ги избирате книгите според дизајнот.
  15. Ги одбирате книгите исклучиве според дебелината, т.е тежината, затоа што се за на плажа.
  16. Се лутите ако некој од луѓето вработени во книжарницата не знае која е таа книга со тие корици и бели букви која минатата недела била на излог.
  17. Го барате Прачет, а потоа половина час ја купувате Даниела Стил.
  18. Барате нешто слично на Едгар Алан По, но да не е научна фантастика, да е современо, крваво, а да не е хорор.
  19. Велите дека приказните на Андриќ се неговите најслаби дела.
  20. Барате сериозен трилер за зајци.
  21. Се кикотите додека купувате еротски роман.
  22. Ги препишувате рецептите од „Готвачот.“
  23. Го барате речникот со странски изрази, го земате од највисоката полица, го проверувате изразот кој ве интересира, а потоа го враќате назад.
  24. На децата исклучиво им ги купувате скратените верзии на лектирите.
  25. Барате сликовница за дете од 12 години и роман за петгодишно дете (не, не се сменети возрастите)!
  26. Се зачитувате и ги оставате децата да трчаат низ книжарницата.
  27. Предложувате наместо некоја класична книга, да го воведат серијалот „Хари Потер“ како лектира.
  28. Секогаш кажувате дека книгите се надмината работа во 21 век.
  29. Сосема неповрзано, на личноста до вас ѝ ја прераскажувате книгата која ја држи во рака и секогаш до последниот ред и секако секогаш го кажувате и крајот.
  30. Секогаш го барате вашиот омилен вработен, затоа што овие овде другиве поим немаат што сакате.
  31. Уште од врата соопштувате дека вие читате само сериозна литература во ова несериозно време.
  32. Некој ќе ви укаже дека е снимен филм според книгата за која се интересира, а вие моментално се одлучувате само да го погледнете, затоа што кој би читал ако филмот веќе постои.
  33. Си замислувате некаков заплет и барате да ви ја најдат баш таа книга.
  34. Барате вработените да го потврдат секое ваше тврдење, прашувате што читале, кажувате дека мора да внимава и задолжително да го прочита тоа што вие го сакате.

Потребно е да се напомене: Ова се реални случувања и искуства, намерно ублажени. Личностите кои ќе се препознаат, никогаш нема да го признаат тоа, па затоа оваа статија нема ниту намера, ниту можност за да навреди или исмее некој. Реалноста е уште посурова и затоа засега благо ќе ја заобиколиме.

books-and-books-storefront-copy

Има уште многу работи што не се прават во книжарници: Не се влегува со храна, нечисти раце, не се влегува кога човек е лут, додека телефонира, само да купите нешто фантастично додека вашиот автомобил е паркиран непрописно и имате само 75 секунди…

Но, тука веќе се работи за бон-тон и невоспитување, а за тоа нема место во книжарница. А ни во овој текст.

 

 

Текстот е преземен од веб-страницата „Култивиши се“ 

Leave a comment