Денес е петок, први март. Почеток на нов месец и почеток на последниот работен ден од неделата. Тоа е доволна причина за радост, убави мисли и читање македонска поезија. Денес се насладуваме со прекрасните стихови на Петре М. Андреевски!
ТИ И ЈАС – ПЕТРЕ М. АНДРЕЕВСКИ
Во твоите предници две близни потполошки,
кoј пат ќе ги испуштам душата ќе си ја изгрешам.
Таму ти трепериш, ваму воздухот те прераскажува
и моите престапни години се под твое влијание.
Tвојот збор е во посета на угнетените народи
и блазе им на ушите што можат да го чујат.
Ти чиниш влези – излези во мојата вртоглавица,
а јас мојот ден го препознавм во твојот.
Ти палиш и гаснеш сегде кај ќе поминеш,
а во мене останува огништето и во мене пепелта.
Јас ти ја будам вечната исхрана,
ти ми ги изветуваш дневните пијачки.
Над воздухот што го издишуваш се караат села и градови
и кој за тебе не ќе дознае ќе остане сирак и сиромав.
Ти си најцелосниот душман на моите душмани
и јас ќе бидам победен од моите омилени слабости.
Така ноќна невестулке, така неискажана капко капинко.
така куршуме што мислиш на моето тело,
а ја гаѓаш и погаѓаш само мојата душа.

