Кафе и книги денес полни 4 години!

4 години на 4 март.
Колку тоа убаво звучи!
Денес е денот кога блогот „Кафе и книги“ првпат ја здогледа светлината на денот. Нечујно и тивко се нижеа текстовите, а со текот на времето се зголемуваа и коментарите, следачите и читателите. Јас сум еден обичен љубител на книги кои сакаше да даде свој придонес кон збогатување на интернет просторот со книжевни содржини, да стане катче каде секој љубител на книги ќе си најде нешто за себе, можеби некоја нова книга за читање или интересни и корисни информации.

adult-book-brunette-1031588

Во овие 4 години, на блогот се напишани 820 постови, содржините биле прегледани 145.729 пати и блогот имал 97.904 посетители. Ова се бројки кои ме прават неизмерно среќна, имајќи предвид со колкава љубов ја пишувам секоја буква и секогаш се трудам да најдам интересни содржини кои ќе ги задоволат вкусовите на различни типови читатели и читателки.

53160214_258624905041554_4592018903617503232_n

Од срце ви благодарам за секој еден клик, за секое читање на некоја објава, за секое споделување и за секој коментар. Сите овие работи зачинети со мојата љубов кон книжевноста прават да бидам уште поупорна и попосветена кон блогот и неговата содржина!

Во продолжение прочитајте ги и 10-те најчитани објави за 2018 година (во листата влегуваат само објавите кои се напишани и објавени во 2018 година, не се земени предвид објави кои се објавени во текот на претходните години):

  1. Познат датумот и локацијата на овогодинешниот Саем на книга!
  2. Неколку факти за „Гарванот“ на Едгар Алан По!
  3. IN MEMORIAM: Најубавите мисли на Горан Стефановски!
  4. По 5 години, Халед Хосеини се враќа со нова книга!
  5. Животни вештини кои ги поседуваат само љубителите на книги
  6. Дали сте чуле за Уруења, гратчето кое има повеќе книги отколку луѓе?
  7. Нил Гејман: Зошто нашата иднина зависи од библиотеките, читањето и сонувањето со отворени очи?
  8. IN MEMORIAM: „Залез“ од Матеја Матевски
  9. Македонска поезија: „Има денови“ од Петре М. Андреевски!
  10. Македонска поезија: „Снег“ од Блаже Конески!

Среќен роденден Кафе и книги!

Уште еднаш, огромна благодарност до сите читатели на блогот кои потрошиле макар и секунда од своето драгоцено време за да кликнат на некоја содржина или да споделат некоја објава!

Срдечен читателски поздрав,
Марија

Leave a comment