„Супер авторки за супер читателки“ во „ТРИ“!

Книжарница „ТРИ“ неделава ја посветува на писателките! Од 5 до 9 март, во книжарница „ТРИ“ ќе имате можност да купите различни книги од одлични писателки и од светската, но и од македонската книжевност.

Под слоганот „Супер авторки за супер читателки“, „ТРИ“ ќе го прослави 8. Март со тоа што на своите читателки ќе им ја понуди богатата понуда на наслови од најчитаните авторки на ТРИ: Винка Саздова, Јагода Михајловска-Георгиева, Ана Јовковска, Катерина Ангеловска, Весна Петрушевска, Марија Јаневска, како и романите на познатите авторки Елиф Шафак, Елена Феранте, Ема Клајн, Рене Шафрански, Рафаела Жордано и уште многу други.

53580524_10157038276859817_673427975542145024_o

А на 8. Март, во книжарницата во Дебар Маало, со едно несекојдневно и инспиративно дружење ќе се одбележи Денот на жената.

За повеќе информации следете го официјалниот настан на Фејсбук.

*сликата е преземена од официјалниот настан на Фејсбук

 

Leave a comment