Што кога вашето дете не сака да чита?

Дали е потребно да го молите детето да земе да чита, без оглед на тоа дали се работи за училиште или за забава?

Кога ќе видите други децата кои се задлабочени во читање, дали се прашувате зошто никогаш не го гледате и вашето дете во истата ситуација? Тешко е правилно да се изреагира кога вашето дете мрази читање, а уште потешко е да се открие како да го мотивираме.

Обидете се со овие едноставни, но важни совети за да можете да го насочите вашиот неволен читач кон иднина исполнета со книги.

02-early-reading-habits-ask-questions

Најпрво правилно проценете ги интересите на детето. Пред да преземете нешто, проучете што е она што го интересира, возбудува или едноставно буди љубопитност кај вашето дете. Познавањето на интересите на детето значително ќе го олесни изборот на текстови кои би го разбудиле уживањето во читањето.

Почнете скромно. Само затоа што вашето дете сака да јава коњи, не значи дека мора да ја прочита „Историјата на јавањето од А до Ш“. Тоа може да го исплаши детето, особено ако е неволен и немотивиран читател. Наместо тоа, обидете се со детето да гледате коњски трки, па потоа зборувајте за џокеите, резултатите, сопствениците, тренерите… Следните денови прочитајте нешто заедно, на пример, резултатите од трките во весниците или погледнете некој филм за коњи. Потоа детално следете ги резултатите од трките или најдете некоја статија поврзана со оваа тема или некој текст за некој познат џокеј. Интерактивни, доверливи и сигурни онлајн извори исто така можат да ја разбудат љубопитноста кај малите неволни читатели и да изградат интересирање и мост кон книгите.

Ако за интересот на детето не постојат релевантни филмови или програми, побарајте списанија или стрипови кои ја допираат темата на интерес. Читањето не мора да започне со читање романи, туку и многу други текстови и различни жанрови можат да помогнат при поттикнувањето интерес кај децата.

Воведете практика на заедничко читање. Заедничкото читање е: или читањето додека наизменично читате страница по страница или поглавје, но може да биде  и кога и вие и детето читате иста книга, а зависи од возраста на детето, како и од неговите специфични потреби и наклонетости.

childs-first-words

Заедничкото читање често е занемарено и недоволно се цени како техника за привлекување на млади читатели кон светот на книгите. Поголемиот дел од дечињата всушност сакаат да поминуваат време со родителите, но кога ќе наполнат седум или осум години, многу родители воопшто не го гледаат заедничкото читање како можност за квалитетно поминато време, туку сметаат дека оваа активност е резервирана исклучиво за деца во градинка или прво-второ одделение.

За идеално заедничко читање одберете текстови кои се привлечни, квалитетни и сосема сигурно водат кон разговор за она што е прочитано. Многу значаен дел од заедничкото читање е токму тој разговор за прочитаната книга или текст. Можеби би можеле заедно со неколку други родители и деца да направите книжевен клуб во кој заеднички би се читале текстови и би се дискутирале во пријатна и опуштена атмосфера. Ако ова не можете да го направите, секогаш можете да го охрабрите детето да започне дневник во кој ќе води евиденција за прочитаните текстови или книги.

Почетниците во читањето често се мачат, имаат различни потешкотии и трема, па затоа создадете пријатно опкружување, удобна атмосфера во која се развива течното читање, па така и децата ќе ги насочите кон патот на успехот. Иако не постои лесен одговор, со малку труд и јасен фокус можете на своето дете да му ја дадете потребната поддршка и поттик. Не е тоа некаква магија, но секој чекор, па дури и најмалиот, е многу важен.

Извор.

Leave a comment