21 март е Светскиот ден на поезијата, а тоа значи дека денес имаме многу можности да споделуваме поезија, да читаме или да рецитираме омилени песни. По повод Светскиот ден на поезијата, светската компанија за кафе „Julius Meinl“ и оваа година ги поддржува акциите во насока на промоција на поезијата, па така во 40 држави, вклучувајќи ја и Македонија, ќе можете да си го платите кафето со ваша лична поезија.
Во Скопје, секој ќе може да си го плати кафето со стих и поезија во следните кафулиња: Ревија, Паладиум, Фонтана, Дион, Центар бар, Бекјард, Ла кафе и Сквер 21.

(фото: Julius Meinl)
Во некои од овие кафулиња, ентузијастите за поезија ќе имаат можност да се сретнат со Драгана Ефтимова, Наим Иљази, Стефан Марковски, Ксенија Николова, Љубица Шопова, Ирена Јурчева, Искра Донева, Јован Илиески, Слаѓана Атанасова, Исток Улчар, Наталија Наумовска, Перо Сарџоски, Арлинда Бафтиу, Катерина Гогова, Виолета Сековска, Славица Гаџова Свидерска, Михајло Свидерски и Никодин Чернодримски кои како поети и писатели од Македонија ќе им помогнат да ја пронајдат внатрешната инспирација заедно со Јулиус Мајнл.
Како што е наведено на официјалниот настан на Фејсбук:, „За разлика од минатите години, оваа година, сите кои ќе напишат песна или поема влегуваат во меѓународната наградна игра на Јулиус Мајнл преку која само 6 лица од цел свет ќе може да се запознаат со Том Одел на неговиот концерт во Глазгов на 1ви јуни 2019 година. Сѐ што треба да се направи е да се напише поемата или песната, да се сликне и да се постира на Инстаграм со хаштагот #PayWithaPoem.
Се гледаме на некое од овие места и се разбира, среќен Светски ден на поезијата!
