Оружје за масовни инструкции: Уметник создал тенк кој доставува книги!

Раул Лемесоф, еден ексцентричен уметник од Буено Аирес, Аргентина, создал еден бизарен „тенк“ наречен „Оружје за масовни инструкции“ и со него планира да се бори со незнаењето и да шири мудрост и знаење.

cover-10-900x472_c

Лемесоф земал „Форд Фалкон“ од 1979 година и го претворил во возило кое наликува во тенк и во кое има простор за околу 900 книги – и одвнатре и однадвор.

2-7

Неколку телевизиски куќи во Буенос Аирес го снимиле како вози низ улиците на градот и како им подарува книги и на млади и на стари луѓе. Неговото единствено барање е да му ветат дека ќе ја прочитаат книгата која ќе им ја даде. Тој во едно видео за својот проект духовито вели: „Моите мисии се многу опасни. Ги напаѓам луѓето на фин и забавен начин.“

4-7

6-7

7-7

Leave a comment