Останаа уште само два дена од акцијата „Пролетно будење“ на „ТРИ“!

Пролетта се разбуди, а со пролетта сѐ повеќе се буди и желбата човек да седне во парк или некаде на отворено и да се задлабочи во некоја прекрасна пролетна книга.

Почетокот на пролетта е и одлично време за освежување на домашната библиотека, а акцијата „Пролетно будење“ на „ТРИ“ го нуди токму тоа. Одлично намалување на наслови во кои ќе уживаме и кои ќе ни ги наполнат батериите и ќе нѐ исполнат со позитивна енергија.

53799351_10157068907399817_7029934291781943296_o
(фото: Издавачки центар „ТРИ“)

Доколку сакате да си ја подновите домашната библиотека, искористете ги овие два дена и упатете се во некоја од книжарниците „ТРИ“ (Дебар маало или ГТЦ) и изберете некои од понудените книги кои се на намаление.

Меѓу насловите кои се на попуст се и: „Животот те сака“ на Луиза Хеј, „Хипи“ на Пауло Коељо, „Твојот втор започнува кога ќе сфатиш дека имаш само еден“ на Рафаела Жордано, „Живот без крај“ на Фредерик Бегбеде и уште многу други, а целосната листа можете да ја погледнете тука.

Јас лично би ви ги препорачала:

„Некогаш сигурно сум одела по мека трева“ од Каролина Шути, книгата која ја доби Наградата за литература на Европската унија во 2015 година и која е одлична книга за опуштено саботно читање на тераса или во парк, додека го пиете утринското кафе. Стилот на пишување е прекрасен и едноставно ќе ве натера да заборавите на секојдневието, а истовремено ќе ве натера да размислите за местата од вашето детство и можеби ќе ве поттикне и вие самите да тргнете на едно патување во минатото.

55532042_1401026410046813_3386147435867799552_o

„Среќните луѓе читаат и пијат кафе“ од Ањес Мартен – Лиган, книга која ја истражува болката предизвикана од загубата на саканите личности, но и човечката издржливост и сила да застане на нозе и како Феникс да се издигне од пепелта и повторно да научи да се смее. Книга која ќе ја прочитате во еден здив и ќе сакате уште, бидејќи има од сѐ по малку и од сѐ за секого. Одлична книга, а и самиот наслов мами уште од првиот поглед.

51105774_1354740804675374_7193124039504691200_n

Не ја пропуштајте можноста да се подновите и да си го најдете совршеното четиво за викендот кој ни претстои!

Leave a comment