Пролетта веќе стигна и веднаш се чувствува промена насекаде околу нас. Повеќе сончеви денови, насмеани луѓе насекаде, позитивна енергија во воздухот. Затоа денес на блогот можете да ја прочитате прекрасната песна „Пролет“ од Блаже Конески.
Пролет – Блаже Конески
Ноќеска слушав песна
далечен топол глас,
утрово сонце ме бакна,
затоа весел сум јас.
Очиве ми се смеат,
како да не бидам луд?!
Од поле децата првпат
донесле врбов цут.
Како да не сетам мака
за твојот поглед и рака!
Спомни ме и ти мене
в срмена пролет и драга –
навечер кога со пупки
се реди твојата снага.

