Како што веќе беше објавено на блогот, изминатата недела Издавачкиот центар „ТРИ“ ја започна акцијата „Фраерски е да се чита – недела на кул книги во ТРИ“, чија цел е да ја доближи книжевноста и до помладата публика и да ги поттикне младите да читаат повеќе, па оттаму и голем дел од насловите и четивата наменети на млади се на значителни намаленија.

(Фото: Издавачки центар ТРИ)
Но, ова е само дел од кампањата и акцијата на „ТРИ“. Како што беше најавено, изминатата недела во книжарницата „ТРИ“ во Дебар маало се организираше и дружење со македонските писатели Евгениј Хоуп и Јагода Михајловска – Георгиева. Младите имаа можност да се дружат со овие наши истакнати и почитувани писатели и воедно добија шанса да разговараат на различни теми од областа на книжевноста и животот, но и добро да се забавуваат со музика, смеа и одлична атмосфера, а впрочем, книжевноста и треба да биде забавна и пријатна.
Дружењето со младиот македонски писател Евгениј Хоуп се случи на 3 април и судејќи според сликите и различните описи, дружењето било навистина одлично и сите си заминале со насмевки на лицето.

(фото: Издавачки центар ТРИ)
На 5 април се случи и дружбата со истакнатата и почитуваната писателка Јагода Михајловска – Георгиева, а токму на тој ден, во „ТРИ“ во посета дојдоа седмоодделенците од ОУ „Владо Тасевски“ кои имаа можност да се запознаат со различните наслови и да се дружат со Јагода Михајловска – Георгиева и да поразговараат на различни теми и истовремено да бидат поблиску до волшебниот свет на книжевноста (книжарниците и библиотеките, несомнено се порта кон тој свет).

Но, од „ТРИ“ најавуваат дека не застануваат тука, напротив, оваа недела повторно е посветена на младите и на читањето и во книжарници во Дебар Маало и ГТЦ ќе најдете и нови книги кои се на намаление. Изборот на книги кои ќе бидат на акција оваа недела можете да го погледнете во овонеделниот каталог. И тоа не е сѐ и оваа недела очекувајте добра забава и дружење со автори, ќе има промоции, а оттаму најавуваат и акција со која ќе збогатат една училишна библиотека. За сите овие случувања и настани – следете ја страницата на Фејсбук или официјалниот настан за оваа кампања и акција.
