Денес свечено ќе биде врачена наградата „Роман на годината“ за 2018 година!

Како што веќе беше објавено, „Некој бил тука“ на Николина Андова Шопова е овогодинешниот добитник на наградата „Роман на годината“, која традиционално ја доделува фондацијата „Славко Јаневски“.

56396046_317711105612063_8436521035951505408_o

Имено, денес, со почеток во 19:00 часот, во Културно информативен центар, свечено ќе ѝ биде врачена наградата на Николина Андова Шопова.

Кафе и книги уште еднаш сака да ѝ честита за наградата и да ѝ посака уште многу напишани дела и награди!

Имаме писатели и писателки со кои можеме да се гордееме и треба да ги поддржуваме на секој можен начин!

Извор.

 

 

Leave a comment