Иако живееме во вмрежен свет, со пристап до толку многу информации и тоа со само еден „клик“, сѐ уште има нешто магично и важно во книгите.
Можноста да се нурнете во книжевното знаење и полека и внимателно да читате, наспроти искушението да „скролате“ низ мобилниот телефон и натаму има посебен шарм кој помага при совладувањето на многу важни вештини како критичко размислување и емпатија, нешто што на општеството навистина му недостасува.

Непрофитната организација „Малечка слободна библиотека“, се труди љубовта кон книгите да ја одржи во живот, такашто „инспирира љубов кон читањето, градење заедништво и поттикнува креативност на размена на книги во заедниците ширум светот“. Овие мини библиотеки никнуваат насекаде, такашто веќе има повеќе од 75.000 вакви библиотеки во 88 држави.
Сепак, најинтересна е онаа која е создадена од едно семејство во Ајдахо. Шарли Армитаж Хауард, библиотекарка и уметник, одлучила дека наместо да се искорне едно стебло старо 110 години, подобро е послужи како мини библиотека.
Стеблото е издлабено и има многу убаво осветлување кое му дава бајковит изглед.
Проценете и сами!
И не заборавајте да читете!




Погледнете го интересното видео во продолжение!
