За сите љубители на книгите, Саемот на книга е вистински празник кој со нетрпение го чекаме! Сите тие книги на едно место, многу можности, дружења, прекрасна енергија!
Конечно го добивме и термиот на одржување на Саемот на книга! Оваа година ќе уживаме меѓу книгите во ВИП Арената „Борис Трајковски“ и тоа во периодот од 8 до 14 мај. Како што веќе знаете, од минатата година, Саемот на книга се одржува во „Борис Трајковски“.
Саемот на книгата е манифестација на која учество ќе земат добро познатите македонски издавачки куќи, но и оние од регионот, поточно од Унгарија, Србија, Косово и Албанија, а според најавите, Унгарија ќе биде земја на фокус.

Ова ќе биде 31 Меѓународен сам на книгата! Почнете да си го составувате списокот со книги кои сакате да ги имате во домашната библиотека и се гледаме таму!
Засега нема многу информации, но како што ќе се наближува времето Кафе и книги ќе се обиде навремено да ве информира за сите новости!
