„Висока шума“ ја доби овогодинешната Пулицерова награда за белетристика!

Во понеделникот ги дознавме добитниците на Пулицеровата награда во областа на новинарството, книжевноста, музиката.

„Високата шума“ (на англиски јазик „The Overstory“, преводот на насловот го преземав од off.net) на Ричард Пауерс ја доби Пулицеровата награда од областа на белетристиката. Ова неверојатна книга ја анализира поврзаноста и врската помеѓу човештвото и природата и беше една од книгите кои добија најдобри критики од речиси сите релевантни критичари, но и од читателската публика. Главните ликови во книгата се дрвјата, а еколошкиот заплет вклучува и луѓе, но и комуникацијата која се случува во природата.

www-smilepolitely-com-splog_uploads-22332-powers800-800x400

Ричард Пауерс изјави дека добивањето Пулицер е „неверојатно признание“ и дека приемот на книгата кај читателите докажал дека луѓето се „гладни за приказна која сериозно им пристапува и на нелуѓето и се обидува повторно да ги поврзе луѓето со светот од кој толку сме оттуѓени.“

Ова е 12-ти роман на Пауерс, кој во 2006 година беше во најтесниот круг на кандидати за добивање на Пулицеровата награда за неговиот најпознат роман „Создавач на ехо“.

Останатите финалисти во оваа категорија беа: „Големите верувачи“ на Ребека Макаи и „Ајде, ајде“ на Томи Оранџ Оукланд.

Останатите добитници можете да ги прочитате тука.

Да се надеваме дека наскоро ќе добиеме и превод!

 

 

Leave a comment