Книжевна акција за спас на кутрето Спартак!

Драги љубители на книги и љубители на животни, во моментов се спроведува една важна книжевна акција за помош на кутрето Спартак! Спартак е куче кое во последен момент е спасено од стационарот „Вардариште“.

Има срцев црв кој во секој момент може да се откачи. Според активистите кои се обидуваат да му помогнат, Спартак требало да го успијат, но сепак на крајот се донела одлука да се преземат сите можни мерки за да му го спасат животот,  бидејќи има само 3,5 години. Сопственикот не можел до крај да ја води борбата, па затоа љубители и активисти за животните од тимот на „Шепасти Ентузијасти“ решиле да се борат за Спартак.

d181d0bfd0b0d180d182d0b0d0ba

Шансата за спас на Спартак е преку операција во Бугарија. Операцијата на срце чини 400 евра, деталниот преглед 150 евра, а патот 100 евра. За таа цел активистите собираат средства за да можат да го спасат Спартак. Покрај традиционалниот начин на донации, преку донирање на сметката: 300027044724363 (Комерцијална Банка) со назнака: За Спартак, активистите организираат и книжевна акција, односно со секоја купена книга вие донирате за Спартак.

Понудата на книги, заедно со цена, можете да ја погледнете преку кликнување на овој линк, Имено, доколку ви се допаѓа некоја од книгите, слободно можете да ги контактирате лицата кои ги додаваат сликите со книги и така да ја направите размената. Доколку не сте во можност да купите книга, можете да помогнете и преку донирање на книга во веќепостоечката колекција и со тоа да им помогнете на активистите да ја зголемат книжевната понуда.

Да му помогнеме на Спартак!

Leave a comment