Ѕирнете во оваа магична и прекрасна книжарница во Кина!

Кинескиот град Киан продолжува со сериозен развој и позиционирање како центар на архитектура и дизајн, особено откако се изгради книжарницата и трговскиот центар YJY Maike Centre Flagship од јапонскиот дизајнер Томоко Икегаи. Оваа книжарница е модерна, но и топла, а дополнително ги сместува книгите и учењето во центарот на случувањата. Со цел кај посетителите да предизвика чувство дека се наоѓаат во библиотека и галерија, Икегаи ги спојува двата концепти во простор од 4500 метри квадратни и два ката.

yjy-maike-centre-tomoko-ikegai-2

Тој сакал да создаде амбиент во кој луѓето, културите и книгите од целиот свет, ќе можат да се вмрежуваат и затоа целата внатрешност е поврзаната и создадена за да го создаде тоа чувство. Посетителите најпрво ги поздравува една огромна сталажа, која веднаш ви кажува каде влегувате. Сето ова е надополнето со прекрасно осветлување над спиралните скали, а сијаличките се во форма на листови хартија кои прават да се чувствувате како да сте во бајка.

Луѓето од компанијата изјавија: „Библиотеките се места за учење и за ценење на слободното време, а галериите се интелектуални простори за прикажување култура. Овој дизајн прави комбинација од двете, а исто така внесува и грандиозна архитектура која ги поттикнува посетителите да разменуваат и развиваат креативни идеи. “

Икегаи исто така прави комбинација и зема инспирација од јапонската и кинеската култура. Освен тоа, приватните места за седење и богатите дрвени тонови создаваат чувство на удобност и со тоа ја балансираат грандиозноста на архитектурата.

Вториот кат на центарот е всушност лоби за хотелот „Гранд Хајат“. Со цел се да биде синхронизирано, тука има и кафуле кое поттикнува дружење. Овој кат го надополнува галерискиот концепт на целиот простор. Ниски тавани, темни подови и сталажи за изложба ја доловуваат атмосферата во галериите и тоа го поврзуваат со книжарницата на долниот кат. Секако, прекрасните слики кои се поставени исто така го зголемуваат уживањето.

Погледнете ги сликите и наполнете ја душата!

yjy-maike-centre-tomoko-ikegai-7

yjy-maike-centre-tomoko-ikegai-8

yjy-maike-centre-tomoko-ikegai-15

yjy-maike-centre-tomoko-ikegai-9

yjy-maike-centre-tomoko-ikegai-14

yjy-maike-centre-tomoko-ikegai-10

yjy-maike-centre-tomoko-ikegai-3

yjy-maike-centre-tomoko-ikegai-16

yjy-maike-centre-tomoko-ikegai-12

yjy-maike-centre-tomoko-ikegai-11

yjy-maike-centre-tomoko-ikegai-5

yjy-maike-centre-tomoko-ikegai-4

Извор.

Leave a comment