Македонска поезија: „Спроти Велигден 1979“ од Анте Поповски!

Драги љубители на книги, денес е Велики Четврток и веќе сме на прагот на најголемиот христијански празник, Велигден. Во таа чест и по тој повод, денес на блогот читаме македонска поезија и тоа токму поврзана со Велигден.

Кафе и книги ви посакува прекрасни и топли празници!

Спроти Велигден 1979 – Анте Поповски

Луѓето се враќаа од црква со запалени свеќи,
Ги засолнуваа впазуви ги бранеа од пролетниот
ветар,

Итаа кон своите домови
неизгаснат за да го внесат огнот на второто раѓање.

Христос воскресе, им рече старецот на домашните
А потоа долго гледаше во свеќата што догоруваше
на трпезата
И помисли: меѓу илјадниците свеќи што горат во животот
Има само една вистинска – онаа уште незапалената,
– Врз правот ни.

easter

Leave a comment