Македонска поезија: „Летен самрак“ од Влада Урошевиќ!

Денес е петок, ден кој сите со душа го чекаме! За да го прославиме почетокот на викендот, денес на блогот читаме македонска поезија!

Летен самрак – Влада Урошевиќ

Една жена го отвора самракот како чадор:
испаѓаат мртвородени деца, пердуви, една диња.
Автобуси проаѓаат како исплашено стадо.
Низ воздухот тече модрата речна тиња.

Еден прозорец се отвора како старо кино:
огледалото на ѕидот во розов пожар гори.
Мажите плачат, куклите пијат вино.
Сонувачите се будат среде купови ориз.

Секоја вистина станува проѕирна како лага.
He е ни на сон ни на јаве она што се гледа:
бере ружи од бавчата уличната вага,
крај ѕидот водат љубов два велосипеда.

beach-sunset-girl-photography-8568

Leave a comment