Златните зборови на Достоевски: „Само една работа е важна, само една!“

Фјодор Достоевски е еден од најголемите писатели во историјата на книжевноста. Меѓу неговите најпознати романи се „Злосторство и казна“, „Браќа Карамазови“, „Идиот“, „Бесови“, итн.

Ова понеделничко, тмурно утро го поминуваме читајќи некои од неговите најубави мисли!

vasiliy-perov-tarafc4b1ndan-1872de-c3a7izilen-portresih

„Моќта е дадена само на оние кои се осмелуваат да се соберат и да ја подигнат. Само една работа е важна, само една – да бидеш во состојба да се осмелиш.“

„Човекот е наклонет кон набројување на своите неволји, но никогаш не ги набројува своите радости. Кога би ги набројувал онака како што тие тоа го заслужуваат, би увидел дека секој има доволно среќа во животот.“

„Подобро да погрешиш на свој начин, отколку да постапиш правилно на туѓ начин.“

„Има луѓе кои подобро е да ги имаш за непријатели отколку за пријатели. Ништо на светот не е потешко од искреноста и нема ништо полесно од ласкањето.“

„Ако си успешен во нешто – или ќе те копираат или ќе ти завидуваат или ќе те мразат.“

„Болката и страдањето секогаш се неизбежни за интелигенцијата и длабокото срце. Мислам дека големите луѓе секогаш носат голема тага на земјата.“

dostoevsky

„Што е пекол? Тврдам дека тоа е страдањето предизвикано од неможноста да сакаш.“

„Јас не бев заљубен… јас бев само поинаку среќен.“

„Тоа е мистеријата на животот, старите таги со времето, постепено, прераснуваат во мирни радости.“

„Никој не се вратил да живее во минатото. Затоа не мисли на минатото, гледај само во иднината.“

„Пред сѐ, немојте да се лажете себеси. Човекот кој се лаже себеси и ја слуша сопствената лага стигнува до одредена точка кога не може да ја разликува вистината во него, или околу него, и така ја губи целата почит кон себеси и кон другите. А кога нема почит, тогаш тој престанува да сака.“

„Ако си се упатил кон целта и по патот почнуваш да застануваш за да го маваш со камен секој пес кој лае по тебе, никогаш нема да стигнеш на целта.“

„Кога богатството е изгубено – ништо не е загубено, кога здравјето е изгубено – речиси сѐ е загубено.“

bbc793e4274d5d3991d61f807cf4a0b7

„Можете да ја прикривате нечистотијата со што било, но таа сепак ќе остане нечистотија.“

„Оној кој сам себе се лаже, најлесно се навредува.“

„Понекогаш среќаваме луѓе, дури и целосни странци, кои уште од прв поглед го привлекуваат нашиот интерес, некако одеднаш, уште пред да биде изговорен и еден збор.“

„Колку е потемна ноќта, толку се посјајни ѕвездите. Колку е поголемо страдањето, толку сме поблиску до Бог!“

„Ако при секоја пријателска услуга веднаш помислуваш на благодарност, тогаш не си дарувал, туку си продал.“

„Сите идеали на овој свет не вредат за солзите на едно дете.“

„Колку повеќе го сакам човештвото во целина, толку помалку го сакам човекот како единка.“

 

 

Leave a comment