Пронајден е домот на Вилијам Шекспир во Лондон!

Сакате да знаете каде Вилијам Шекспир ја напишал драмата „Ромео и Јулија“? Сѐ досега ова беше прашање на кое ретко кој го знаеше одговорот, но благодарејќи на театарскиот историчар Џефри Марш, сега сите имаме можност да го добиеме одговорот.

Неодамна CNN ја објави веста дека господин Марш, директорот на Одделот за театар и изведба во музејот „Викторија и Алберт“, посветил цела декада во „детално истражување на Шекспир преку читање, споредување и поминување низ илјадници официјални документи, со цел да го најде домот на овој доајен на драматургијата.“

Како започнала потрага да се пронајде домот на Шекспир?

Во 2008 година во источен Лондон бил пронајден „Театарот“. Ова место е претходникот на „The Globe“, односно најстариот работен простор на Шекспир. Ова е она што ја поттикнало љубопитноста на Марш и тој веднаш се фрлил на истражување, затоа што сакал да дознае и каде живеел, а не само каде работел.

Првиот клучен доказ било откритието дека Шекспир живеел во централен Лондон, во близина на станицата на улица „Ливерпул“. Каде поточно? Е тука се појавил проблемот, затоа што податоците за даночни обврзници помеѓу 1597 и 1598 година биле избледени и не можело убаво да се прочитаат. Господин Марш не бил задоволен со ова. Како своевиден „детектив“, тој земал голема лупа и поминал низ секој збор од тој избледен и речиси уништен и нечитлив документ. И што пронашол на крај?

http3a2f2fcdn.cnn_.com2fcnnnext2fdam2fassets2f190413083805-shakespeare-london-home-01
(Џефри Марш)

Според Марш, доказите велат дека Шекспир живеел во една куќа која гледала директно во дворот на црквата „Св. Хелена“, како потстанар на „Здружението на продавачи на кожа“, здружение што ја организирало размената на кожа во тоа време. И така, тоа е местото каде Шекспир ја напишал драмата „Ромео и Јулија“, а и многу други дела. Ова е многу важна информација затоа што местото каде тој живеел кога бил во Лондон ни дава подлабок увид во неговата инспирација за неговата работа и живот.

И ако некогаш одите во Лондон, не заборавајте да си го ставите ова место на вашата мапа!

Извор.

Leave a comment