Дос Пасос и Хемингвеј: Пријателство родено од пламените јазици на војната…

Ернест Хемингвеј ја сакал трката со смртта. Кога му се понудила шансата да вози амбулантно возило во Прва светска војна, тој воскликнал: „О, човек, многу ми е драго што сум во ова.“ Но, не биле сите толку воодушевени како него. Џон Дос Пасос, колега писател, исто така возел амбулантно возило во Големата војна. Но, тој го нарекувал тоа „робство“ и „трагична дистракција“. Тие двајца мажи можеби имале различни гледишта за војната, но и двајцата биле обликувани од неа. Конфликтот го обликувал нивниот однос, но и нивното пишување.

20170422_bkp002_0

Во книгата „Возачите на амбулантни возила“ од Џејмс МекГрет Морис, авторот ги спојува овие двајца писатели и нивните војни, а оваа комбинација е навистина многу логична. Според авторот, Хемингвеј и Дос Пасос „биле во првите седишта на убиствените полиња во Европа“. Војната е она што ги споило овие луѓе кои инаку биле сосема различни карактери. Дос Пасос бил „срамежлив и посветен на книгите“. Хемингвеј бил сѐ освен тоа: тој пцуел, заведувал жени од Париз, па сѐ до Хавана. Дос Пасос пораснал во рововите и иако бил само три години постар, тој му се восхитувал на Хемингвеј. Морис го следи нивното пријателство за време на 20-тите и 30-тите години на 20 век, од боемскиот Париз, сѐ до мрзливите денови на брегот во Флорида.

Војната ги обликувала и нивните политички сфаќања. Дос Пасос бил вознемирен од трагедиите кои ги сведочел во Франција и Италија. „Трите војници“, воениот роман кој го објавил во 1921 година, од корен ја исекол и најмалата можност дека војната може да биде величествена. Дос Пасос бил цврст социјалист кој „сакал да пишува за војната за да може да ја прекине“. Хемингвеј, од друга страна, бил целосно рамнодушен. Морис вели дека војната го направила рамнодушен и за него „книжевноста може да го долови искуството, но не и да го промени.“

Разликата се гледа и во нивната проза. Хемингвеј ковал фрази, за да ја напише „највистинитата реченица која ја знае.“ Дос Пасос експериментирал со модернизам. Тој спојувал зборови и цитирал стихови во песни. Резултатот е „крик“ против „декадентноста на модерниот капитализам“. Овие книжевни анализи воопшто не ѝ наштетуваат на книгата, ниту го одземаат задоволството при читањето. Тие лебдат, додека ние го следиме Морис како го води читателот низ светот на неговите протагоности. Познати пријатели постојано се појавуваат на страните. Зелда и Ф. Скот Фицџералд го нагостуваат Дос Пасос на ручек, а потоа тие се опиваат и навредуваат агент за недвижнини. Многу редови полни со приватни писма го осветлуваат внатрешиот живот на ликовите.

До средината на 30-тите години на 20 век, Морис вели дека Хемингвеј почнал да чувствува завист и одбивност кон својот пријател. Дос Пасос, иако бил сиромашен, сепак бил сакан од критичарите. Шпанија го скршила Хемингвеј. Тој се откажал од својот пријател и го обвинил за фашизам. Ова била неговата типична сурова себичност. Тие умреле без да се смират, што е голема штета, бидејќи тие сепак имале многу заеднички работи (како што е наведно во книгата).

Извор.

Leave a comment