За љубителите на трилери:„Несаканиот гостин“ од Шари Лапена!

Трилерот како жанр отсекогаш бил многу популарен во светотот и Македонија. Има нешто привлечно во начинот на кој се напишани книгите од овој жанр, особено поради тоа што ние како читатели сме директно вклучени во приказната и самите ги следиме трагите и доказите и носиме свои претпоставки и имаме свои теории за тоа како ќе се одвива расплетот.

Доколку сте љубител на трилери и крими-романи, ви ја препорачувам книгата „Несаканиот гостин“ од канадската писателка Шари Лапена која веќе е позната на македонската читателска публика со нејзиниот трилер „Двојката од соседството“.

 

nesakaniot-gostin

За што се работи?

Зима е, период кој многумина сакаат да го искористат за да избегаат некаде на одмор. Во оваа книга, протагонистите се наоѓаат во „Пансионот на Мичел“ кој се наоѓа на снежните планини Кетскил. Тие сакаат да си поминат убаво и да уживаат во снегот. Но, наскоро снежната бура и навремето им создаваат непријатности, снемува струја и сите стануваат нервозни, но решаваат да го искористат времето во дружење, најефективен начин да им помине времето. Но, наскоро ќе дознаат дека тоа е најмалиот проблем, особено кога ќе го пронајдат првото мртво тело, кое нема да биде единствено. Отсечени од светот, гостите сфаќаат дека меѓу нив има убиец, но не знаат ни кој е, ни зошто го прави тоа.

Одличен трилер кој ќе ве наелектризира и ќе посакате да ја прочитате  оваа книга за еден ден!

Leave a comment