Расипаната душа на Доријан Греј во романот на Оскар Вајлд

Судбината на младиот Доријан Греј, напишана од раката на Оскар Вајлд во 1890 година, сѐ уште стои високо на пиедесталот и се смета за едно од најголемите дела во историјата на светската книжевност. Младоста и убавината како традиционални мотиви во книжевните дела, на многу театрален начин се прикажани во овој роман.

Доријан Греј е харизматичен млад човек од високата англиска класа, кој мами завидни погледи од многу луѓе. Како таков, тој станува интересен во очите на сликарот Базил. Тој решава да му подари насликан портрет, а бидејќи младиот Доријан и самиот е обземен со својата убавина, во истиот момент посакува вечно да ја задржи својата убавина и младост. Заслепен од своите идеали, тој не ни насетува дека желбата ќе му се оствари, но неговата алчност и копнеж имаат висока цена. Со тоа, Доријан самиот почнува да ја крои својата трагична судбина.

dorian-gray-1

„…него го мачеше живата смрт на сопствената душа. Базил ја наслика сликата што му го разори животот. Тоа не можеше да му го прости. Сликата беше виновна за сѐ. Базил му ги кажа работите што не можеше да ги поднесе, а кои сепак страшно ги поднесе. Убиството беше само лудило на еден момент…“

Бегство од совеста

Чувствувајќи ја моќта и силата на својата убавина, Доријан си дозволува себеси да се препушти на задоволства кои стануваат сѐ помрачни. Младиот Греј пронаоѓа задоволство во мракот на својата душа и неморалните постапки, кои на прв поглед немаат последици. Иако на неговото лице нема траги од стареење, ниту гревови, неговото лице на платното почнува да трпи последици од тие одлуки и лоши намери.

Главниот актер во романот влегува во вртлогот на љубомората, зависта, злото, тајните, егоизмот и смртта, не обрнувајќи внимание на последиците од неговото однесување. Не ја прифаќа вистината за себеси, дури ни кога ќе се сретне со новото лице во полутемната соба. Во неа е скриена сликата на која тој може и да ги види своите гревови – слика која ја отсликува неговата душа. Секој белег, рана или брчка на портретот претставува еден негов грев.

3002816_orig

Без оглед на доказот што го има пред себе, Доријан останува отпорен на грижата на совест, додека нивото на неговиот егоцентризам продолжува да расте. Со текот на времето, ликот на платното станува речиси непрепознатлив, додека лицето на младиот човек кој се шета низ улиците на Лондон не се менува.

„…Непрестајно бегајќи од гласот на сопствената совест и вистината за себеси, од сите човечки суштества, тие се најисплашени. Нив не треба да ги осудуваме на пекол, тие се веќе во него…“

– М. Скот Пек, „Луѓето лажат“

По 18 долги години полни со грешен, а навидум раскошен живот, минатото почнува да го стигнува Доријан Греј. Кога ќе сфати дека единствен доказ за неговите ужасни постапки е токму таа стара слика, не му преостанува ништо друго освен да ја уништи. Иако во одредени моменти чувствувал задоволство кога гледал како насликаниот лик се менува, сега тој лик станува негов најголем кошмар. Сликата била неговата одамна заборавена совест. Сфаќајќи го тоа, но не и фактот дека таа слика е дел од него, Доријан Греј излегува поразен од својот маѓепсан круг.

2589

Духот на 19 век

Преку оваа приказна, ликовите и годините кои се опишани во оваа книга, читателот добива можност да се запознае со едно друго време и животот во тоа време. Добива можност да ги препознае разликите помеѓу различните векови, но и да забележи дека единственото нешто кое не се променило низ текот на 100 години е: човекот како битие.

Човечката душа, чиста или нечиста, традиционално е предмет на истражувања на многу теоретичари. Чувствата, намерите, ставовите, како и однесувањето што произлегува од нив, никогаш не се дефинирани, па затоа и претставуваат многу интересна тема за дискусија.

Оскар Вајлд се залагал и верувал во ларпурлартизмот, како и многу други негови колеги од втората половина на 19 век. Паролата по која се води оваа теорија е: „Уметност заради уметност“ (L’art pour L’art) и претставува голема инспирација за создавање уметнички дела. Ларпурлартистите сметале дека нивните дела не треба да служат на ниту една друга цел, освен на убавината.

Oscar Fingal O'Flahertie Wills Wilde (16 October 1854 - 30 November 1900) was an Irish writer, poet, and prominent aesthete. Photograph taken in 1882 by Napoleon Sarony

Романот „Сликата на Доријан Греј“ се смета за класик. Со оглед на тоа дека овој класик е популарен и во денешно време, низ напишаните зборови можеме да ги почувствуваме духот и вредностите, како и времето кога е напишан овој роман, но и теоријата и слободата на ларпурлартизмот.

Животот на Оскар Вајлд

„Треба да го познаваме животот на Вајлд за да уживаме во неговите дела.“

– Милош Црњански

Оскар Вајлд е роден во 1854 година во Даблин. Тој бил драматург, но пишувал и романи, приспивни песни за деца и есеи. Еден дел од животот работел и како професор во Америка, а подоцна и како новинар, истовремено занимавајќи се со пишување. Својата прва збирка песни ја објавил во 1881 година, а седум години подоцна издал една збирка со бајки. Романот „Сликата на Доријан Греј“ останува негов единствен издаден роман. Тој стекнал голема слава уште истата година кога романот бил објавен.

За жал, неговата слава не траела долго. Во 1895 година бил уапсен под сомнение дека извршил „тешко бесрамно дело со друго машко лице“.и осуден на затворска казна за „непристојно однесување“. Тој поминал две години во затвор, а потоа се преселил во Париз каде во 1900 година починал, сам и напуштен од сите.

„Ништо не може да ја излечи душата освен разумот, а ништо не може да го излечи разумот освен душата“ – Оскар Вајлд

Извор.

One comment

Leave a comment