Македонска поезија: „Вљубените девојки“ од Блаже Конески!

Нема поубав начин да го обоиме овој тмурен понеделник од тоа да споделиме и да читаме прекрасна македонска поезија. Денес на блогот го читаме Блаже Конески и една прекрасна песна од него!

Вљубените девојки – Блаже Конески

Тие имаат лице нежно осенчено,
Како да паѓа на него сенка од проѕирни лисје,
И лицето неусетно се издолжува.
Тие имаат очи зголемени, замислени и влажни,
Како да се плашат од секоја странична изненада.
Тие го наклонуваат така леко челото
Да го допрат до усните на саканиот
Што им се чинат тогаш како крилца од пеперуга
Застаната на тревка — за миг пред да одлета —
А тревката се наклонува.
Тие ги стрелкаат тогаш в преграб рацете
Очајнички смело, слепо и неминовно
Како весла во разнишано море
Пред кое неволно замижуваме.

Боже, дали вистина некогаш сум го доживеал тоа?

rdmfdie3eij-pix2gpcq_maudchalard1

Leave a comment