Маја Ангелоу: „Феноменална жена“

На денешен ден, во 2014 година, почина една од најпочитуваните американски писателки и поетеси, Маја Ангелоу. Таа зад себе остави прекрасни дела кои ќе останат во светското наследство и кои ќе се пренесуваат од генерација на генерација. Денес, во нејзина чест, ја читаме нејзината позната песна „Феноменална жена“!

Феноменална жена – Маја Ангелоу

Убавите жени се прашуваат каде лежи мојата тајна.
Не сум атрактивна ниту градена како манекенка
Но, кога ќе почнам да им кажувам,
Тие мислат кажувам лаги.
Велам,
Тоа е во дофатот на моите раце
Распонот на моите колкови,
Должината на мојот чекор,
Линијата на моите усни.
Јас сум жена
Феноменално.
Феноменална жена,
Тоа сум јас.
Јас влегувам во соба
Толку горда колку што треба,
И до последниот маж,
Тие изрипуваат или
Паѓаат на колена.
Тогаш тие се собираат околу мене,
Како рој медени пчели.
Велам,
Тоа е огнот во моите очи,
И блесокот на моите заби,
Нишањето на моите колкови,
И радоста во моите нозе.
Јас сум жена
Феноменално.
Феноменална жена,
Тоа сум јас.
Мажите сами се чудат
Што ги привлекува во мене.
И се обидуваат толку многу
Но не можат да ја допрат
Мојата внатрешна тајна.
Кога се обидувам да им ја покажам
Тие велат дека сè уште не можат да ја видат.
Велам,
Таа е во лакот на мојот грб,
Сонцето во мојата насмевка,
Движењето на моите гради,
Грациозноста на мојот стил.
Јас сум жена
Феноменално.
Феноменална жена,
Тоа сум јас.
Сега ви е јасно
Зошто мојата глава не е наведната.
Јас не викам и не скокам заради тоа
Ниту треба многу гласно да зборувам.
Кога ќе ме видите поминувам
Тоа треба да ве направи горди.
Велам,
Тоа е во звукот на моите потпетици,
Локната на мојата коса,
дланката на мојата рака,
Потребата за мојата грижа,
Затоа што сум жена
Феноменално.
Феноменална жена,
Тоа сум јас.

tt58-celebrating-maya-angelou-jsmith-1800x1080
(Извор на сликата: Tolerance.org)

 

Превод: Горазд Росоклија

Leave a comment