Романија: Бесплатен јавен превоз за сите кои читаат книги!

Од неодамна, во романскиот град Клуж Напока, секој кој ќе се качи во јавен превоз со книга во рака, бесплатно ќе може да пристигне до својата дестинација.

Оваа иницијатива ја започнал младиот активист Виктор Мирон, со намера да ги поттикне луѓето повеќе да читаат додека се возат во јавен превоз. Тој ја поднел оваа иницијатива до општинските власти уште минатата година, а истата е усвоена неодамна, кога во текот на неколку дена, патниците со книги во раце можеле бесплатно да се возат.

romanian-city-gives-free-bus-rides-to-people-who-read-books-inside__880

Мирон организирал слична акција и во почетокот на минатата година, кога воочил дека луѓето добро реагираат на попусти и им предложил на градските власти во првата недела од секој месец, луѓето кои читаат книги да се возат бесплатно. Откако властите го прифатиле овој концепт, уште на првиот ден од Саемот на книги, повеќе од 1200 луѓе се возеле бесплатно.

Виктор Мирон се залагал и за други кампањи преку кои го промовирал читањето. Една од нив е проектот „Букфејс“ (Bookface, м.з), кој предлагал луѓето кои имале профилни слики на Фејсбук со книги да добиваат попусти во локалните книжарници.

Градот Клуж Напока се наоѓа во среднишниот дел на Романија и има повеќе од 300.000 жители.

Кога сме веќе кај интересни кампањи кои поттикнуваат читање во јавен превоз и ние не сме далеку од овие настани, ниту пак ни недостасува креативност. Една таква мошне интересна кампања, „Читај на екс“, во изминатата година беше спроведена од страна на издавачката куќа „Полица“ и која имаше за цел да поттикне читање во градските автобуси. Повеќе информации за самата кампања можете да прочитате тука.

Извор.

Leave a comment