Кога ќе го спомнеме зборот „библиотека“, тој по дефиниција е „простор кој содржи книги“. Авторот Алекс Џонсон, во својата книга „Книга за листи со книги“, дава примери на преносни библиотеки – дрвени полици со книги и списанија кои биле пренесувани меѓу светилници околу САД, чисто како пример. Тој тука ја вклучил и библиотеката која Роберт Фалкон Скот ја земал со себе на бродот „Дискавери“ во 1901 година, кога бродот отпловил за Антартикот, со каталог кој го објаснувал распоредот на книгите во кабините.
Џонсон вели дека Наполеон имал „патувачка збирка“ од француски класици која секогаш ја носел со себе кога одел да војува. Оваа „патувачка збирка“ вклучувала пет тома составени од драмите на Волтер и делото на Монтескје, „Причините за големината на Римјаните и нивниот пад“.
Но, без оглед на формата на библиотеката, мора да постои човек кој ќе ги избере книгите кои ќе бидат во неа, кои ги откриваат тајните на срцето и умот – нивните грижи, желби, алчност, ентузијазам, опсесии…

Стјујарт Келс, историчар кој ја проучува книжевната размена, вели дека „библиотеките се човечки места, полни со приказни.“ Неговата книга „Библиотека: Каталог на чудата“ нуди историја која почнува уште пред првиот запишан збор и го следи развојот на збирките книги сѐ до новата дигитална ера.
На одредени места, тој има возвишен поглед кон работите. Тој го поставува и прашањето: „Зошто всушност постојат библиотеките?“, додека навлегува во анализа на библиотеката во Александрија, средновековните манастери, еротски збирки, запечатените полици во Ватикан, приватни збирки и универзитетски библиотеки, заедно со библиотеките на писателите, фауната на библиотеките и други интересни работи. Тој се обидува да даде одговор на прашањето кој самиот го поставува и вели: „Библиотеките се обид да се внесе ред во свет полн со хаос. Тие се места за искупување.“
Една од институциите кои се предмет на неговото истражување е „Шекспировата библиотека на Фолгер“ во Вашингтон, САД и ова конкретно истражување дава повеќе примери за тоа што сѐ може да биде библиотека. Оваа, на пример, може да се гледа и како истражувачки центар, уметничко дело само по себе, мавзолеум, скривница.
Востановена во 1889 година од страна на Хенри Клеј Фолгер, кој го направил своето богатство во нафтената индустрија и кој почнал да собира рани Шекспирови фолија сѐ додека не ја собрал најголемата и највредна збирка на дела од Шекспир. Но, кога истражувачите побарале дозвола да го проучуваат неговото највредно дело кое го поседувал, тој им рекол дека нема поим во кој трезор и во која банка го чува.

(„Шекспировата библиотека на Фолгер“)
Пред да почине, Фолгер изградил вистинска библиотека која ќе ја собере целата собрана колекција и сите архитекти и експерти биле воодушевени. Пепелта на Фолгер и неговата сопруга биле вметнати во зградата, а има и подземна мрежа на тунели кои според Келс, вработените планирале да ги користат како скривница за време на Студената војна (во случај на ескалација на ситуацијата). Денес, не само што е возможно да се истражува целата колекција, туку и може да се споредуваат сите записи. Библиотеката е споменик и на Шекспир и на човекот кој бил посветен на тоа да ги собере неговите дела.
Но, ако Келс сакал да покаже дека библиотеките се хумани места, тој исто така одбрал приказни кои ја откриваат нивната венска страна. Неговите библиотекари можат да бидат крадци, собирачи или бесрамни згрижувачи. Дури и кога ги сакаат книгите, не може човек да им ги довери. Во својата идеална форма, библиотеката ги заштитува книгите, ги слави и исто така ги прави достапни до поширока група читатели. Во својата историја, ретко се случува некоја библиотека да ги постигне сите овие цели наеднаш.
Келс зборува за библиотеки каде вредни, стари ракописи се оставени на купче на под и за библиотеки кои разменуваат стари богатства за нови изданија. Некои библиотеки ги имаат украсено просториите на начин кој на почитува идејата за книгите, но немаат голем избор на своите полици. Други библиотеки и љубители на книги и имаат создадено неверојатни колекции, но жестоко ги кријат од „надворешни луѓе“. Која е поентата на библиотеката, ако нема никој кој би ги читал книгите во неа?

Во книгата „Пакувајќи ја мојата библиотека“, Алберто Мангуел го разгледува тоа прашање. Во неговиот дом во Франција, Мангуел чувал 35.000 книги во библиотека сместена во една кула која била залепена до штала од 15 век и оградена со цвеќиња и градина. Иако тој вели дека поседува само неколку книги кои сериозен библиофил би ги сметал за вредни, колекцијата на Мангуел е голема колку најдобрите приватни библиотеки спомнати во книгата на Келс и вклучува осветлена Библија, прирачник на еден шпански инквизитор и ретки први изданија. Од причини кои никогаш не се целосно објаснети, Мангуел и неговиот партнер ја напуштаат Франција и книгите од библиотеката завршуваат во кутии и тој зборува за деконструирањето на библиотеката.
Во оваа книга се работи за лична историја и е многу внимателно раскажана. Тој вели дека кога одел во библиотеката, тој бил „растргнат од прашања кои се туѓи за мојата цел и постоење.“ Ова е дел од шармот на библиотеката, затоа што таа „го средува веселиот хаос во светот“, а Мангуел е шармантна личност со која човек може да го истражува овој хаос. Неговиот свет има нежна нота и иако инсистира на тоа дека неговата библиотека не е импресивна, тој сепак спомнува „издание на „Стоки & Ko.“ од Киплинг, која Борхес ја читал во својата младост додека престојувал во Швајцарија и која тој ми ја даде како подарок за разделба кога заминував за Европа во 1989 година.“
Да, убаво прочитавте, тој зборува за Хорхе Луис Борхес, со кого се сретнал кога бил млад. „Многу често го среќавав Борхес после часовите и со него одев заедно до неговиот стан, каде му читав приказни од Киплинг, Хенри Џејмс, Стивенсон.“ Тој на крај ја презел старата работа на Борхес како Директор на Национална библиотека во Буенос Аирес.

Насловот на книгата на Мангуел доаѓа од есејот „Распакувајќи ја мојата библиотека“на филозофот Волтер Бенџамин, која била напишана во хаотичен период од неговиот живот. Бенџамин и неговата жена се разделиле и за првпат во неговите 40 години, тој се нашол во ситуација да живее сам. Неговите книги останале спакувани во следните две години. Како што земал да ги распакува, се фаќа себеси „во спиралата на спомените“, која му открива моменти од минатото. За Мангуел, библиотеката има слична цел. „Многу често имав чувство дека мојата библиотека ми објаснуваше кој сум јас.“
Според Бенџамин, вистинската библиотека „донекаде секогаш е недоприлива, а истовремено е и уникатно своја“, исто толку интересна, сакана, а сепак неспознаена како и близок пријател. Во својата позната приказна „Бабелската библиотека“, Борхес замислил библиотека која ќе ја содржи секоја можна книга, која нараторот едноставно ја нарекува „универзумот.“ Бескрајните соби со книги ги поттикнуваат библиотекарите кои лутаат внатре да поставуваат прашања за природата на знаењето и постоењето и поради тоа што Библиотеката е бескрајна, таа е место со неверојатни можности. Иако има ред во неа, невозможно е човек да ја помине цела.
Многу слично на ова, секоја добра библиотека е преголема за нејзиниот сопственик да може да ја искуси во целост за време на својот животен век. Книгата на Мангуел е за смртноста. Тој старее и неговата библиотека можеби никогаш нема да биде распакувана. Ако една колекција е ставена во кутии, невозможно е луѓето да имаат однос и врска со книгите, дејството кое всушност им дава значење. Но, замислената библиотека има свој сопствен живот.
Мангуел го цитира неговиот професор по латински јазик и вели: „Мора да бидеме благодарни што не знаеме кои книги изгореле во Александрија, затоа што ако знаевме што содржат, ќе бевме неутешни.“ Спомените од една библиотека можат да бидат речиси еднакво можни како и физичката библиотека сама по себе. Како што велел Борхес, замислувањето на вистинските, непознати длабочини на библиотеките е клучот на нивната атрактивност.
