Утре ќе се случи промоцијата на поетската збирка „Пребивалишта“ на Даница Ивановска Лепојевиќ!

Драги љубители на поезија и поддржувачи на македонска книжевност, утре (18 јуни), со почеток од 21 часот, во кафулето „Brown Sugar”, ќе се одржи промоцијата на „Пребивалишта“, втората збирка поезија на Даница Ивановска Лепојевиќ, во издание на Зига зага Букс.

За збирката ќе говорат авторките Елена Пренџова и д-р Ана Стојаноска, а стихови ќе читаат Васил Зафирчев и Даница Ивановска Лепојевиќ.

62648691_10156477891553727_2990511558414565376_o

За повеќе информации можете да го погледнете и официјалниот настан на Фејсбук, а подолу прочитајте дел од впечатоците на Елена Пренџова и д-р Ана Стојаноска во поглед на „Пребивалишта“:

„…Нејзиниот поетски хронотоп е истовремено толку реален колку што е нереален, толку нереален колку што е надреален, а замислените сцени во кои авторката влегува во интеракција и комуникација со нејзините колеги по перо од друго време се филмски и магични. Збирката Пребивалишта од поетесата Даница Ивановска Лепојевиќ претставува поетско четиво кое се доживува како мевлем на душа. Стилски и мотивско-тематски е различна од својата генерација современички и современици и остава печат во современата македонска книжевност.“ – Елена Пренџова

„…Даница Ивановска Лепојевиќ пишува непосредно, едноставно, филигрански прецизно, со сите трепети и мирнотии како што само тоа го можат ретките поети, оние што ѝ се дале на поезијата со целата своја душа и тело и оние на кои, таа, поезијата, најмногу им верува. Таа го почнува своето внимателно откривање на тајниот, интимен свет, преку метафорите што отвораат паралелно неколку светови, и овој конкретниот, физичкиот, и оној емотивниот, личниот, но и тој, вселенскиот што само ретките мирољубници го носат со себе.“ – Проф. д-р Ана Стојаноска

~~~~

Да поддржуваме македонска книжевност и македонски автор(к)и!

Leave a comment