Летни приказни со „Или-Или“ и „Бегемот“!

Вртоглаво се наближуваат летните одмори, а тоа значи дека е време да си ги одберете совршените книги за на плажа (или каде и да одите)! Една од поубавите работи кај летото (освен одморот :D), е тоа што голем дел од издавачките куќи организираат разни акции, распродажби, попусти и слично и нѐ поттикнуваат и мотивираат да ја збогатиме нашата домашна библиотека.

64400047_2012365932202949_7843177961208414208_o

Една од тие традиционални летни акции е „Летни приказни“ на „Или-Или“ која годинава ја организираат заедно со „Бегемот“. Цело лето, сѐ до 01.09, ќе имате можност да набавите различни книги по намалени цени.

Како што напоменуваат на нивниот официјален настан: „Издавачи со особен книжевен сензибилитет, препознатлива уредувачка политика, врвна преводна литература и најдобрите домашни автори – радост за секој книжевен сладокусец.“

Тука можете да го погледнете и ценовникот и да ги разгледате понудените наслови!

Leave a comment