Прекрасни мисли за одново да се заљубите во летото!

Конeчно дојде летото и сите со душа чекаме да отидеме на одмор, да се одмориме од сѐ и да уживаме во летните ноќи и плажата. Денес на блогот го славиме летото со овие прекрасни мисли кои ќе направат одново да се заљубите во ова годишно време!

„И така, со сончевата светлина и прекрасните лисја кои растеа на дрвјата, исто како што работите се случуваат на брзите филмови, го имав она познато убедување дека животот одново започнува со почетокот на летото.“ – Ф. Скот Фицџералд, „Големиот Гетсби“

„Летна ноќ –
дури и ѕвездите
меѓусебно си шепотат.“ – Кобајаши Иса

„Ајде да танцуваме под сонцето, да носиме диви цветови во нашите коси…“ – Сузан Полис Шултц

„Летните романси завршуваат од најразлични причини. Но, кога сѐ е кажано и завршено, сите тие имаат една заедничка работа: Тие се како ѕвезди што паѓаат – спектакуларен момент на светлина во рајот, минлив поглед кон вечноста. И така, само за миг, тие исчезнуваат.“ – Николас Спаркс

311183-women-blonde-hair-nature-beach-sand-hill-smiling-sea-sky-748x499

„Еднаш одамна, на едно летно утро на изгрејсонце
запознав едно малечко девојче со книга под нејзината рака.
Ја прашав зошто излегла толку рано
и таа ми одговори дека има премногу книги,
а премалку време. И таа беше сосема во право.“ – Тов Јансон

„Една ластовичка не прави лето, ниту пак еден добар ден. Слично на тоа, еден ден или краток момент на среќа не прави еден човек целосно среќен.“ – Аристотел

„Ако сакате да ја замислите иднината, замислете едно момче и неговото куче и пријатели. И лето кое никогаш не завршува.“ – Нил Гејман и Тери Прачет

„Кога се шеташ навечер на плажа, можеш да да кажеш работи кои не можеш да ги кажеш во секојдневниот живот.“ – Џени Хан

„Човек мора да чува малку лето во себе, дури и среде зима.“ – Хенри Дејвид Торо

„Го сакам летото повеќе од што било на овој свет. Тоа е единствената работа која ме држи во зима, спознанието дека летото ќе биде тука.“ – Џек МекБрајер

„Летната ноќ е како совршенство на мислата.“ – Волис Стивенс

Leave a comment