Придружете се на книжевниот предизвик на „Антолог“!

Лето како лето, мрзливо и долго. Сите едвај ги чекаме одморите за да можеме да се наспиеме и да се изначитаме книги додека уживаме покрај плажа. За ова лето да биде поразновидно и интересно, книжевниот центар „Антолог“ решија да организираат еден многу интересен летен книжевен предизвик, кој освен тоа што ќе ги обои и украси социјалните мрежи со слики од книги, ви дава можност и да ја збогатите вашата домашна библиотека.

65849470_2395876683801843_842431841968324608_n

За што се работи?

Овој книжевен предизвик ќе трае 10 дена. Сѐ што треба да направите е кои било 10 последователни дена летово да објавувате по една фотографија на зададена тема (според редоследот од фотографијата погоре) користејќи ги хаштазите #10ДенаКниги #ЛетенКнижевенПредизвик и #антологџии. Овој предизвик трае до 1 септември, а вие можете да искористите кои било 10 дена до први септември. Откако ќе заврши книжевниот предизвик, профилот со најкреативни фотографии ќе биде награден со пакет книги во издание на „Антолог“.

Прочитајте ги уште еднаш правилата и земете учество во овој интересен предизвик.


Правила на наградната игра:

  1. Фотографиите мора да бидат јавно споделени (public) на социјалните мрежи Фејсбук или Инстаграм. 
  2. .Секој учесник треба да објави 10 фотографии во 10 последователни дена (по свој избор) до 1 септември 2019 година.
  3. Објавените фотографии треба да бидат на темите од фотографијата погоре и во описот на сликата задолжнително да се стават хаштазите: #10ДенаКниги #ЛетенКнижевенПредизвик и #антологџии
  4. Може да се фотографираат книги од сите издавачи, на сите јазици и од сите жанрови. 

Leave a comment