Летно цунами во „Полица“: Книги и за 100 денари!

Издавачките куќи и книжари во Македонија продолжуваат со одличните попусти и акции со кои ни овозможуваат да ја збогатиме нашата домашна библиотека и да се подготвиме за одмор. Овојпат „Полица“ ја најави својата голема акција, наречена „Летно цунами во „Полица““. Акцијата ќе трае сѐ до 31 август.

Доколку сте љубител на класици, тогаш ова е одлична акција за вас, имајќи предвид дека одредени класици од едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“, ќе можете да ги набавите по цена од само 100 денари. Но, оваа акција е одлична и за оние кои сакаат и малку поинакви книги, затоа што сите останати книги во издание на „Полица“, исто така, се по намалени летни цени со 20% попуст.

65844616_1336712463144812_962437510300958720_n

Подолу погледнете кои наслови од „Ѕвездите на светската книжевност“ се достапни за 100 денари:

• Алфонс Доде – „Писма од мојата воденица“;
• Алфред Жари – „Кралот Иби“;
• Аугусто Роа Бастос – „Јас, Врховниот“;
• Вилијам Батлер Јејтс – „Автобиографии“;
• Владимир Набоков – „Есеи“;
• Георг Бихнер – „Смртта на Дантон * Леонс и Лена * Војцек“;
• Гистав Флобер – „Госпоѓа Бовари“;
• Дени Дидро – „Фаталистот Жак“;
• Дорис Лесинг – „Добриот терорист“;
• Едвард Олби – „Драми“;
• Ежен Јонеско – „Испрекината потрага * Противотрови“;
• Едгар Алан По – „Авантурите на Гордон Пим“;
• Катул – „Римска лирика“;
• Конрад Аденауер – „Сеќавања“;
• Кормак Макарти – „Патот“;
• Лоренс Стерн – „Тристрам Шенди, том 1“;
• Лоренс Стерн – „Тристрам Шенди, том 2“;
• Матео Марија Бојардо – „Вљубениот Орландо“;
• Мадам Севиње – „Писма до ќерка ми“;
• Марк Шагал – „Мојот живот“;
• Михаил Шолохов – „Човековата судбина и други раскази“ ;
• Мишел Турние – „Горски цар“;
• „Беовулф“;
• Патрик Вајт – „Вос“;
• Перси Б. Шели – „Ослободениот Прометеј“;
• Плаут – „Комедии“;
• Рајнер Марија Рилке – „Записите на Малте Лауридс Бриге“;
• Рабиндранат Тагоре – „Поезија“;
• Ралф Елисон – „Невидливиот човек“;
• Сер Томас Малори – „Смртта на Артур“;
• Стендал – „Пармскиот картузијански манастир“;
• Томас Волф – „Огномет од суети“;
• Томас Ман – „Тристан * Тонио Крегер * Смрт во Венеција“;
• Филип Рот – „Американска пасторала“;
• Франсоа Вејерганс – „Три дена кај мајка ми“;
• Хорхе Луис Борхес – „Есеи“;
• Херман Брох – „Месечари, том 1“;
• Херман Брох – „Месечари, том 2“;
• Џефри Еугенидес – „Среден пол“;
• Џон Дон – „Избрани дела“;
• Џон Милтон – „Загубениот рај“;
• Џон Штајнбек – „Патувањата со Чарли“;
• Шекспир – „Сонети“;
• Штефан Цвајг – „Вчерашниот свет“.

Линк до официјалниот настан.

 

Leave a comment