Нурнете во литературна авантура: Летни попусти во „Литература.мк“!

Доколку сѐ уште не ги одбравте вашите четива за вашиот летен одмор, еве ви уште една можност да се подновите и да одберете нешто за себе.

На останатите летни фестивали и акции на издавачките куќи им се придружи и „Литература.мк“ која објави дека во наредниот период во нивните книжарници ќе има многу убави попусти за нивните изданија, а попустите ќе се движат и до 60%! Освен во книжарниците, попустите се достапни и преку купување онлајн на нивната веб страна.

66086964_2054399697998564_3725495069667491840_n
(Извор на сликата: Литература.мк)

Според, официјалниот настан на Фејсбук, попустите ќе траат до 12 август, такашто не ја пропуштајте можноста да ја збогатите вашата домашна библиотека!

За повеќе информации, следете го официјалниот настан на Фејсбук или официјалната Фејсбук страница на „Литература.мк“.

Leave a comment